Поврзете се со нас

НБА

Гобер се уште има последици од коронавирусот: Имам проблеми со сетилото…

Објавено

на

blank

НБА лигата се прекина во месец март и тоа откако се појави првиот позитивен тест на коронавирус кој го имаше центарот на Јута Џез, Руди Гобер.

Французинот несериозно ја сфати работата во тоа време, но токму тој беше првиот играч со КОВИД-19 по што НБА одлучи да го суспендира шампионатот кој би требало да продолжи наредниот месец со турнир во кој ќе учествуваат 22 екипи.

Поминаа три месеци откако Гобер го фати вирусот, но тој се уште му прави одредени проблеми и тоа го посочи францускиот репрезентативец.

-Вкусот се врати, но мирисот сè уште не е 100 проценти. Можам да помирисам работи, ама не од далеку. Зборував со специјалисти, кои ми кажаа дека може да потрае и до една година [да се врати во нормала], -истакна Гобер кој е подготвен за битките во Орландо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни