Поврзете се со нас

НБА

Гобер не сакаше да забие преку повредениот Дејвис, Минесота „престана да игра“ по тој момент (Видео)

Објавено

на

Фото: twitter.com/Timberwolves

Минесота имаше солидна предност на дуелот со Л.А Лејкерс, но дозволи противникот да направи целосен пресврт и да дојде до победата.

Главен инспиратор на пресвртот беше Ентони Дејвис, а се чини дека со еден невообичаен момент тој успеа да го сврти натпреварот во корист на Лејкерс.

Дејвис го повреди зглобот во третиот период и лежеше на теренот, при што Руди Гобер се откажа од можноста за забивање и ја додаде топката до соиграч кој не погоди за три поени.

Од тој момент Лејкерс направи пресврт со серија 20-2 и стигна до важна победа, а Гобер по мечот истакнал дека тоа веројатно било пресвртница на дуелот.

– Кога ќе се сетам на тој момент, беше лудо, како да заборавивме да играме.

–  Можев да влезам во рекетот и да забијам, но Дејвис беше таму и тоа би било многу безмилосно, – изјавил Гобер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни