Го ,,запалија” Париз по пласманот во финалето на Мундијалот (Видео)

Francija Ulica

Селекцијата на Франција е првиот финалист на Светското првенство и тоа откако со 1-0 славеше над Белгија.Голот вреден финале и борба за титула беше дело на дефанзивецот Самуел Умтити кој со глава ја затресе мрежата на Тибо Куртоа во 51 минута.

Пласманот во финалето на Мундијалот, успеа да извади и старо и младо на улица, а најмладите Французи не можеа да ја сокријат радоста и славеа на „Шанзелизе“ со пеење со огномети до раните утрински часови.

За Франција ова ќе биде прво финале на мундијал по она во 2006 година, односно второ по она во 1998 година кога стигнаа до најголемиот успех во историјата.

Facebook Коментари