Го совладаа емоците: Меси го претстави својот голем хуманитарен проект со солзи во очите (Видео)

mesi-detence

Лионел Меси преку својата фондација често е дел од хуманитарни акции за помагање на најпогодените лица, а денеска во друштво на дел од властите во Барселона го постави првиот камен темелник за детската клиника против ракот, инвестиција која чини 30 милиони евра.

Меси како главен поттикнувач на оваа идеја денеска присуствуваше на церемонијата на која беше претставен проектот кој во иднина треба да им овозможи најдобри услови на дечињата кои уште од најмала возраст се борат со подмолната болест, а планот е инаугурацијата на оваа реномирана болница да биде некаде на почетокот на 2020 година.

Аргентинската ѕвезда со големи емоции го доживеа видеото на кое беше прикажано низ што се минуваат малите дечиња болни од рак, а после солзите и плачот, издвои време да си игра со нив и да им покаже дека ја имаат неговата максимална поддршка.

Видеото погледнете го на следниот ЛИНК

Facebook Коментари