Поврзете се со нас

АТП

Го смени спортот: Форлан професионално заигра тенис, дебито траеше 47 минути (ВИДЕО)

Објавено

на

Диего Форлан е познат како еден од најголемите уругвајски фудбалери на сите времиња, ас кој низ кариерата играше за клубови како Манчестер Јунајтед, Вилјареал, Интер, Атлетико Мадрид, но и ас кој веќе неколку години е во фудбалска пензија.

Меѓутоа Уругваецот не мирува, се одржува во форма, ама не е посветен на фудбалот туку на друга спортска љубов-тенисот. Тој уште како дете има играно тенис, ама потоа се фокусирал на фудбалот за да сега на „стари години“ се врати на белиот спорт каде рано утрово имаше и професионално деби на АТП Челинџерот во Монтевидео.

Тој настапи во игра на двојки со Федерико Корија, поточно добија вајлд карта за турнирот на кој експресно беа елиминирани од Борис Аријас и Федерико Себалос од Боливија со 2-0 во сетови. Корија и Форлан загубија со 6-1, 6-2, во дуел во кој довчерашниот фудбалер имаше неколку добри потези.

-Сите почнуваат да шпекулираат кога ќе започнете нова кариера, нели? Следно е да продолжиме да играме, да уживаме и да играме на ниво на ИТФ, каде што има навистина добра конкуренција. Вистината е дека ова е прекрасно искуство. Бев добро подготвен за нивото на кое играм, аматерското ниво. Тоа е добро ниво, не во споредба со професионално ниво, но добро, јас бев подготвен.

-Почнав да чувствувам мала нервоза, а потоа почнав да се подготвувам за натпреварот. Вистината е дека кога влегов во натпреварот бев прилично мирен за спорт кој не го познавам толку добро и не сум навикнат на вакво сценарио, -истакна Диего по мечот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни