Олимписки игри
Го продала сребрениот медал од Токио, но светот е одушевен од нејзиниот потег!

Ретко убава, но вистинита хумана приказна доаѓа од Полска каде, Марија Андрејчук, освојувачка на сребрен медал од последните Олимписки игри во Токио, направила прекрасен потег со кој уште еднаш ги освои симпатиите во јавноста.
Андрејчук во Токио го освои среброто во дисциплината, фрлање копје, а по враќањето во родната Полска се решила да го стави медалот на аукција со цел да собере пари кои ќе ги донира за лечење на осуммесечно бебе.
Олимписката вицешампионка на овој начин помогнала во лекувањето на срцевите проблеми на детето, кое веднаш морало да замине на операција во САД за да биде спасен неговиот живот.
За тој зафат биле потребни околу 300.000 евра, а 25 годишната олимпијка се надевала дека ќе собере барем половина од сумата која е потребна за лечењето. Самата Андрејчук потврди дека полската компанија „Забка“ за сума од 150.000 евра ќе го откупи медалот и така ќе помогне за лечење на малото бебе.
Инаку и самата Андрејчук минувала низ тежок период затоа што во 2018 година и бил дијагностициран рак на коските кој успешно го победила, по што напредувала во професионалниот спорт.
-
Шпанијапред 17 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 21 час
Уште еден играч си заминува од „Олд Трафорд“
-
Англијапред 17 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 13 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Шпанијапред 24 часа
Навивач на Реал побара од Перез да го врати Роналдо, одговорот на Флорентино звучеше потценувачки (Видео)
-
Лига Европапред 23 часа
Бравура и молк во Белград: Соиграч на Тричковски си поигра со пет играчи на Партизан и постигна страшен гол (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)
-
Светпред 10 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда