Поврзете се со нас

Германија

Го потврди статусот на легенда на клубот: Нојер го изедначи рекордот на Оливер Кан

Објавено

на

Легендарниот Мануел Нојер уште еднаш потврди дека се вбројува меѓу легендите на Баерн Минхен и дека неговото име уште долго време ќе остане запишано во историјата на клубот од Баварија.

Искусниот голман при победата над Борусија Мехенгладбах од 6:0 го изедначи рекордот на Оливер Кан по бројот на натпревари без примен погодок во својата кариера.

И двајцата сега имаат по 204 натпревари со чиста мрежа, со тоа што на Нојер ваквото достигување му успеало играјќи на 444 натпревари, додека Кан тоа го направил со 557 натпревари зад своето име.

Само прашање на време е кога Нојер ќе го надмине рекордот на Кан и ќе го запише своето име во историјата на Баерн Минхен и германскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни