Го освоија Супер купот, а во соблекувалната штама…На лицата на фудбалерите на Ливерпул не можеше да се забележи радост (Видео)

liverpul

Ливерпул ја започна сезоната со освоен трофеј откако во Супер купот на УЕФА го совладаа Челси по подоброто изведување на пеналите.

Вообичаено е по секој освоен трофеј  фудбалерите лудо да слават во соблекувалните, нешто што не беше случај со Ливерпул.

На една снимка која излезе на социјалните мрежи се гледа како Џиџи Вијналдум влегува во соблекувалната со трофејот во своите раце, а потоа се гледаат многу „намрштени“ лица.

На социјалните мрежи навивачите се запрашаа на што се должи недостатокот на радост, а тоа е веројатно затоа што самите фудбалери на Ливерпул се свесни дека ова е трофеј со помала важност за разлика од освојувањето на Премиер лигата или Лигата на шампионите.

Facebook Коментари