Го малтретираа на училиште, а после објавеното видео се јавија сите познати борци за негова поддршка (Видео)

keaton-jones-copy

Китон Џонс е младо момче од Ноксвил, кој е сосем обично и пред се, култруно дете. Но,  неговото секојдневие е нарушено поради малтретирање кое му се случува секој ден. Тој не е оставен од неговите соученици да ужива во неговото детство. Останатите соученици го малтретираат на училиште поради неговиот физички изглед. Неговата мајка сними видео во кое малиот Џонс плаче и објаснува што му се случува секој ден.

– Мамо, ме малтретираат, ми викаат дека сум грд и дека имам чуден нос. Постојано ми викаат дека немам другарчиња, – низ солзи раскажуваКитон.

Ова видео го постирала неговата мајка на интернет и веднаш се јавиле голем број УФЦ борци и познати ликови од спортот, во кои во своите излагања на социјалните мрежи напишале, дека тие му се пријатели на малиот Џонс и во секое време ќе дојдат за да бидат негови чувари. Погледнете го видеото.

Facebook Коментари