Го допре дното: Пред четири години стигна во милионски трансфер во Сити, сега трернира со англиски нисколигаш

manchester-city-training

Често знаеме да кажеме дека фудбалот пишува доста интересни приказни. Во светот на овој спорт може да се изначитаме за приказни за фудбалери кои од дното стигнале до врвот, но има и такви кои од врвот во експресен период го допреле дното.

Таков е случајот со поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Вилфред Бони кој во моментов е слободен агент и бара нов клуб каде ќа ја продолжи кариерата.

Сега 30 годишниот Бони во 2015 година го реализираше трансферот од соништата во Манчестер Сити. Тогаш „граѓаните“ за неговите услуги на Свонси му платија за тој период високи 28 милиони фунти.

Сепак, Бони не се снајде најдобро на „Итихад“ , па се врати во Свонси каде исто така немаше завидни настапи. Минатата сезона ја почна во клубот од Велс, а потоа продолжи на позајмица во катарскиот клуб Ал-Араби.

Во моментов, Вилфред Бони е без клуб и тренира со нисколигашот Њупорт Каунти, член на четвртата по ранг лига во Англија. Се уште не е познато дали фудбалерот само тренира со овој клуб или ќе се обиде да избори трансфер во последната по ранг професионална лига на Островот.

boni

Facebook Коментари