Поврзете се со нас

Светски првенства

Гневниот Ибрахимовиќ со неспортски потег го патосираше Аспиликуета во 92. минута (Видео)

Објавено

на

Шпанската спортска јавност на големо го слави новиот пласман на едно Светско првенство, но истовремено, жестоко ја осудува реакцијата на Златан Ибрахимовиќ во самата завршница од мечот.

Пресметката меѓу Шпанија и Шведска беше директен дуел за првото место во групата и голот на Мората во 86-та минута им осигура мундијалска виза на домаќините, но во моменти кога се беше решено, Златан Ибрахимовиќ се прикажа во едно непрофесионално светло кое ги налути медиумите од Пиринеите.

Шпанците порачуваат  дека Ибра е навистина многу лош губитник поради акцијата во 92-та минута, кога намерно го удри Сезар Аспиликуета и буквално го патосираше капитенот на Челси.

Искусниот напаѓач влезе како резерва на овој меч и доби шанса во 73-та минута, но во недостиг на прилики, акумулираниот гнев го истури врз противничкиот дефанзивец и сега наиде на доста суров третман од шпанската јавност.

Повторените снимки покажуваат дека единствена намера на Ибра е да се удри во дефанзивецот, па нависитна чудно е зошто луѓето од ВАР не реагираа во дадената ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни