Поврзете се со нас

Германија

Гнабри се врати на терените со луда акробација и кандидат за гол на годината (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Серж Гнабри беше надвор од стројот на Баерн Минхен точно три месеци и денеска за првпат заигра во Бундеслигата од 9-ти декември минатата година, но кам-бекот на терените го прослави со вистинска фудбалска мајсторија.

Крилниот фудбалер на Баерн Минхен доби само една минута на мечот со Лацио во Лигата на шампионите, но денеска влезе во 62-та и само четири минути подоцна режираше магија.

Гнабри направи центаршутот од Леон Горецка да изгледа сензационално и постигна несекојдневен гол со пета, акробација кога дефинитивно ќе конкурира за гол на сезоната во Бундеслигата.

Серж со оваа минијатура ги крена на нозе сите присутни навивачи на „Алијанц арена“, вклучувајќи ги и легендите на Баерн кои беа во ВИП ложата.

Гнабри може да биде многу значаен играч за Баерн до крајот на сезоната, па неговото враќање сигурно е голем плус за Томас Тухел и актуелниот германски шампион.

Инаку, погодокот на Гнабри беше седми на натпреварот на „Алијанц арена“, на кој Баерн го победи Мајнц со 8:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни