Гнабри одново воодушеви, Германија и Аргентина си поделија по едно полувреме (Видео)

gnabri-argentina

Германија осми натпревар по ред не успеа да ја победи Аргентина на домашен терен, дури и во ситуација кога изгледаше дека може да ја наполни до врв мрежата на Марчесин во мечот во кој одново воодушеви Гнабри со гол и асистенција.

Избраниците на Лев беа далеку подобри во првото полувреме и покрај постигнатите два гола на Гнабри и Хаверц, имаа уште неколку колосални прилики за поуверливо водство, но потоа се прикажаа во далеку полошо светло, а тоа го искористија Аргентинците кои заиграа доста поангажирано. Акуња, Окампос и Аларио внесоа свежина во составот на Скалони, па така по постигнатиот гол на овој последниот за 2:1, домаќините имаа многу повеќе проблеми со нападите на гостите.

Германија пропушти шанса да стави печат на мечот со голема прилика за 3:1, но затоа на спротивната страна Аргнетина го искористи завршниот притисок, па така Окампос погоди за 2:2 и возбудливо реми на стадионот во Дортмунд.

Facebook Коментари