Поврзете се со нас

Формула 1

ГН на Бразил: Норис освои пол-позиција во драматични квалификации со пет црвени знамиња

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/McLarenF1

Дождот на патеката Интерлагос во Бразил не донесе само промена на термините за одржување на квалификациите и трката, туку и голема драма во трите квалификациски сесии.

Ф1 фановите видоа дури пет црвени знамиња поради пет различни инциденти на влажната патека, а прекините имаа и директно влијание врз пласманот на дел од возачите со најголеми амбиции.

На крајот, Ландо Норис успеа да стигне до пол-позицијата и ќе има важна предност на трката, а зад се него се најде Џорџ Расел од тимот на Мерцедес. Јуки Цунода на крајот се израдува на третото место во квалификациите, а од вториот ред ќе стартува и Естебан Окон. По нив следуваат Лиом Лосон, Шарл Леклер, Алекс Албон, кој во последната сесија имаше силен удар во заштитната ограда и сериозно го оштети болидот, Пјастри, Алонсо и Строл.

Макс Ферстапен остана без можност да го комплетира најбрзиот круг во втората сесија поради излетувањето на Ленс Строл, па мораше да се соочи со фактот што на крајот не успеа да обезбеди место меѓу најдобрите десет во последната сесија.

Актуелниот светски шампион од претходно има и казна од пет позиции, па на денешната трка ќе стартува од седумнаесеттата позиција. Во сличен стил заврши и Серхио Перез, кој исто така беше погоден од црвеното знаме по инцидентот на Строл и се најде една позиција зад Ферстапен во квалификациите.

Претходно, во заштитната ограда заврши и Карлос Саинц, па и возачот на Ферари не стигна до Топ 10 позиција и ќе мора да се пробива во обидот да освои што повеќе поени.

Најлошо помина Луис Хамилтон, кој со болидот на Мерцедес не ја помина ни првата сесија и го освои шеснаесеттото место во квалификациите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни