Поврзете се со нас

АБА лига

Глупоста која ја направи Лесор ќе го однесе на суд: Црвена Звезда ќе го тужи кошаркарот на Партизан

Објавено

на

Од кошаркарскиот клуб Црвена Звезда со жестоко соопштение се огласија во јавноста по инцидентот кој го креираше кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор на нивниот меѓусебен натпревар.

Имено, Лесор по самиот звук на сирената физички го нападна кошаркарот на Звезда, Филип Петрушев откако претходно двајцата во неколку наврати влегоа во вербални дуели на паркетот.

Од Црвена Звезда најавија дека ќе го тужат Лесор поради ваквиот потег и потврдија дека нивниот кошаркар Филип Петрушев, денеска (среда) ќе се појави во полиција за да даде исказ за целиот инцидент.

– Својата срцепарателна исповед, Матијас Лесор на кого ова не му е прв пат да креира инциденти, ќе биде во можност да ја повтори пред надлежните органи затоа што по слово на закон на Република Србија, во која заработува големи пари, ќе биде должен да даде изјава за нападот врз играчот Филип Петрушев по што Обвинителството ќе донесе одлука за подигнување кривична пријава.

– Во оваа прилика ја известуваме јавноста дека изјава во просториите на полицијата во среда ќе даде и српскиот репрезентативец  првотимец на Црвена Звезда, Филип Петрушев, -стои во дел од соопштението на Црвена Звезда.

Од клубот од АБА Лигата побарале суспензија за Матијас Лесор до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни