Поврзете се со нас

Македонија

Глигоров си поднесе оставка, Вардар ќе добие нов тренер

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец Никола Глигоров нема повеќе да го води нашиот најтрофеен македонски клуб Вардар.

Глигоров одлучи да си поднесе оставка по вчерашниот пораз од Гостивар (2-1) на гостински терен, пораз по кој „црвено-црните“ се најдоа во речиси невомозжна позиција да се вратат во најквалитетното фудбалско друштво.

Од Вардар му се заблагодарија на Никола за сработеното и му посакаа среќа во понатамошната кариера.

Останува да се види кој ќе го преземе скопскиот состав кој да не заборавиме во текот на актуелнава сезона се раздели и со Горан Симов по лошите резултати на самиот почеток на кампањата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни