Глигоров нов селектор на Либан

gligorov

Македонскиот ракометен стручњак, Владимир Глигоров е именуван за нов селектор на женската ракометна репрезентација на Либан.

Тој неодамна доби клупски ангажман во оваа земја во составот на Ал Садака, а сега го прифати предизвикот да го води женскиот национален тим на оваа земја. Првиот тест на оваа позиција ќе го има од 8 до 15 декември на турнирот во Бахреин.

Facebook Коментари