Глетка од која навираат емоции: Само една трибина остана од легендарниот стадион во Мадрид (Фото+Видео)

visentekalderon

Тимот на Атлетико Мадрид веќе две години игра на ултра модерниот стадион „Ванда Метрополитано“.

„Душекчиите“ сепак беа познати по тоа што долго време играа на култниот стадион кој полека заминува во историјата „Висенте Калдерон“.

По преселувањето на Атлетико на „Ванда Метрополитано“ одлучено е стариот стадион да се сруши, а рушењето започна дури во месец август оваа  година. Сега од Мадрид пристигнаа навистина тажни слики од кои навираат разни емоции.

Само една трибина засега остана од стариот „Висенте Калдерон“, но и таа наскоро ќе биде срушена, а на местото каде што беше стадионот веќе е ставен во функција пат по кој секојдневно минуваат илјадници автомобили.

EJGmbVWXYAAFHd6

Facebook Коментари