Поврзете се со нас

Англија

Глејзерови ја потврдија трансакцијата, Ретклиф од вечерва е косопственик на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/INEOS

Манчестер Јунајтед вечерва официјално потврди дека Џим Ретклиф ја комплетирал трансакцијата за најавеното купување акции и официјално е нов косопственик на клубот.

Британскиот бизнисмен купил нешто повеќе од четвртина од акциите на премиерлигашот за околу 1,3 милијарди фунти, а претходно овој дил го одобрија и Премиер лигата и Англиската фудбалска асоцијација.

Ретклиф и неговите соработници ќе бидат задолжени за фудбалските операции во сите категории и машкиот сениорски тим, додека Глејзерови и натаму ќе имаат сопственичка контрола во клубот.

– Овој момент го одбележува комплетирањето на трансакцијата, но е само почеток од нашата мисија да го вратиме Јунајтед на врвот на англискиот, европскиот и светскиот фудбал, со инфраструктура од светска класа за нашите фанови, – вели Ретклиф во клупското соопштение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни