Англија
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед

Продажбата на Манчестер Јунајтед и натаму е долга и мачна процедура за фановите, додека Глејзерови како сопственици очигледно се обидуваат да извлечат што повеќе од заинтересираните страни.
Фамилијата која управува со премиерлигашот посакува 6 милијарди фунти за продажба на клубот, додека петтата и последна понуда на Шеикот Јасим од Катар изнесувала 5 милијарди фунти.
Во обид да го убедат единствениот ривал на Џим Ретклиф во овој процес да понуди повеќе пари, Глејзерови досега неколку пати биле во комуникација со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.
Еден од најмоќните луѓе на светската фудбалска сцена требало да го убеди Шеикот Јасим да понуди поголема сума, со што на крајот би станал и нов, целосен сопственик на клубот.
Ал Келаифи има добри конекции со најмоќните луѓе во својата татковина и делува како „олеснувач“ во преговорите, по што на крајот може да биде „виновник“ за пронајдениот компромис меѓу двете страни.
Голем дел од фановите посакуваат ваков епилог, бидејќи катарскиот шеик вети чистење на целосниот долг на клубот, реновирање на стадионот и тренинг центарот, како и инвестиции во составот на Јунајтед.
Она што е негативно во понудата на милијардерот Ретклиф е што тој сака да остави 20 проценти од акциите на Глејзерови, а самото нивно присуство во раководните органи е нешто што фановите на Јунајтед веќе не можат да го толерираат.
-
Светпред 17 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Англијапред 19 часа
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Италијапред 18 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 16 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти откри зошто му се налутил на Винисиус
-
Македонијапред 23 часа
Васоски потврди дека големото летно засилување на Вардар ја завршило кариерата поради депресија
-
Англијапред 16 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…