Поврзете се со нас

Италија

Гледа светлина на крајот од тунелот: Емотивниот Деулофеу првпат потрча после 18 месеци (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Udinese_1896

Жерард Деулофеу не толку одамна беше еден од најдобрите играчи во Серија А и беше пред трансфер во Тотенхем, но наместо враќање во Премиер лигата, Шпанецот доживеа шок кој го прогонува до денешен ден.

Продуктот на фудаблската школа „Ла Масија“ има голем проблем со колената уште од најмала возраст, но последната повреда беше до толку сериозна, што се уште не се знае дали воопшто ќе се врати на теренот.

Деулофеу последниот натпревар го одигра пред 18 месеци, а после целиот напорр вложен во изминатата година и половина, Жерард сега откри дека за првпат потрчал на лента за трчање.

– Не можам да го опишам овој момент со зборови….. Многу време минато во страдање, напор и неизвесност…. Вредеше се за да се искуси ова чувство после година ипол.

– Мора да продолжам напорно да работам за да ви дадам уште подобри вести и да дојдам поблиску до она што е моја пасија. Многу сум благодарен за секоја порака за охрабрување која ја добивам, тоа ми дава дополнителен мотив да се вратам, – порача Деулофеу.

Поранешниот играч на Барселона е под договор со Удинезе до 2026-та година, а планот е да се врати на терените во втората фаза од првиот дел од наредната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни