Поврзете се со нас

АТП

Главниот спонзор на Ѓоковиќ најави „разговор“ со српскиот тенисер

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се соочи со принудно напуштање на Австралија и остана без можност да се бори за нов трофеј на Аустралијан Опен, а целата сага која му се случуваше при краткиот престој може да донесе и други негативни ефекти за српскиот тенисер.

Светскиот рекет број еден заработува големи суми од своите спонзори, но најважниот меѓу нив, брендот „Лакост“ најави дека наредниот период ќе има разговори со Ѓоковиќ поради сите случувања во Австралија.

– Австралиските власти му ја укинаа визата на Новак Ѓоковиќ и затоа тој нема право на настап на АO. Затоа во прва прилика ќе стапиме во контакт со Ѓоковиќ, за заедно да поминеме низ се што се случуваше во Мелбурн. На сите им посакуваме одличен турнир и им благодариме на организаторите за се што направија турнирот да биде безбеден за сите учесници, – стои во соопштението на „Лакос“.

Иако соопштението не навестува проблеми за српскиот тенисер, француските медиуми шпекулираат дека „Лакост“ може да побара раскинување на соработката, најмногу поради одбивањето на Ѓоковиќ да се вакцинира.

Француските власти веќе најавија дека и на Ролан Гарос ќе учествуваат само вакцинирани тенисери, па евентуалното отсуство на Ѓоковиќ дефинитивно може да донесе загриженост кај спонзорите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни