Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Главниот оперативец на Сити: Реал требаше да испадне од сите, не победуваат и најдобрите во историјата!

Објавено

на

Манчестер Сити уште една сезона ја потврди својата доминација во Премиер лигата, но одново остана без трофејот кој најмногу го посакува, оној во Лигата на шампионите.

Иако беше на чекор да игра второ финале во две години, Манчестер Сити прокоцка огромна предност на „Сантијаго Бернабеу“, односно беше сурово казнет за промашувањата во самата завршница и потоа беше елиминиран од тимот кој подоцна одново стана европски шампион.

Реал преживеа три неверојатни нокаут рунди од осминафиналето до полуфиналето, а потоа во финалето во Париз го победи Ливерпул со 1:0 и ја заокружи 14-та титула во Лигата на шампиони.

Мора да се каже дека Реал беше блиску до пораз и против ПСЖ и Челси, но најблиску до неуспех беше против Сити кога влезе во 90-та минута со два гола негатива, но чудесно се извади и се избори за продолженија. Луѓето во Сити се уште не можат да поверуваат на тоа сценарио, а најдобар доказ за тоа е последната изјава на главниот оперативец на „граѓаните“, Феран Соријано.

– Сите луѓе сега зборуваат за успехот на Реал Мадрид во последните неколку години и мислам дека е праведно кога се вели дека имаат и малку среќа. Мора да се каже дека заслужија да испаднат од ПСЖ, од Челси, од нас и од Ливерпул. Во Лигата на шампионите потребна е и среќа, луѓето изгледа дека Реал имаше фантастичен тим и на крајот на 80-тите години, еден од најдобрите во историјата, но не ја освои Лигата на шампионите. Тоа беше генерацијата на Емилио Бутрагењо, но не стигнаа до трофејот, – вели извршниот директор на Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни