Поврзете се со нас

Германија

Главниот оперативец на Баерн му одговори на Кимих: Топката е во воздух и сега треба да ја фатиме

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Џошуа Кимих се огласи пред германските новинари по победата над Баер Леверкузен во Лигата на шампионите и ја префрли топката во „дворот“ на баварскиот великан, посочувајќи дека тие го имаат главниот збор околу фамозното продолжување на договорот.

По ваквата изјава на еден од капитените на тимот, вчера се појави ексклузивна информација дека двете страни дефинитивно ги доближиле размислувањата и сега се пред потпис на нов неколкугодишен договор, а бидејќи станува збор за тема која е најактуелна во Минхен, Макс Еберл мораше да се огласува за истата и во ситуација кога тимот претрпе непријатен пораз.

Баерн денеска беше шокиран од Бохум на домашен терен и загуби со 2:3, а по натпреварот, спортскиот директор на Баерн сликовито објаснил како стои ситуацијата со Кимих.

– Топката сега е во воздух и треба да се обидеме да биде фатена од двете страни……

– Ќе излеземе со соопштение кога ќе стави потпос на договорот. Секогаш има работи кои треба да бидат допрецизирани. Кога се ќе биде потпишано, ќе ве известиме за тоа, – изјавил Макс Еберл.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни