Шпанија
Главниот оперативец на Атлетико распали по Реал: Истото се случува со децении и веќе никој не е изненаден!

Диего Симеоне не штедеше критики за недоволната храброст која ја имале судиите на „Сантијаго Бернабеу“ и јасно го посочи неисклучувањето на Дани Себалјос како клучен момент во поразот од Реал Мадри во Купот, но далеку потешки зборови испрати извршниот директор на клубот од „Метрополитано“.
Анхел Хил Марин како главен оперативец на Атлетико почувствува потреба да се јави со официјално соопштение за неправдата која му беше нанесена на неговиот тим, потенцирајќи дека Реал Мадрид има толку големо влијание во Шпанија, што судиите се плашат да судат против него на домашен терен.
– Имам најголема почит кон арбитрите и убеден сум дека нивната намера е секогаш најдобра, но секој што ја набљудува ситуацијата однадвор, може да види дека секогаш се случува истото со децении. За жал, веќе никој не е изненаден и тоа не е новост. Тоа е многу очигледно и само треба да се потсетиш на приказната. Реал Мадрид е клуб со многу силна средина и опкружување, има многу интереси околу него. Тие создаваат таков притисок, што е нормално да влијае на луѓето кои треба да носат важни одлуки. Луѓето се свесни се што ги чека ако им се наштети со грешка или со неуспех.
– За жал, системот е таков и ние од Атлетико не можеме сами да го промениме. Мора да се натпреваруваме колку што можеме и да продолжиме да работиме за да имаме посилен и поправеден сектор со сите клубови. Тој стадион и бојата на нивниот дрес не треба да носат тежина при носење фер одлуки на теренот. Нашите играчи ги претрпеа последиците од целиот овој притисок на теренот и тоа ме налути мене како и секој навивач. Без разлика за кој тим станува збор, не треба да има двојни аршини.
– Вториот жолт картон за Себалјост беше очигледен и тоа е несомнено. Но при резулат 0-1, во 71. минута и во игра полуфинале во Купот на нивни стадион, да се остави Реал Мадрид со 10 играчи се преголеми зборови. Јас речиси никогаш не зборувам, затоа што брзо ве обвинуваат дека глумите жртва, но кој навистина ја знае ДНК-та на Атлетико од Мадрид, знае дека не сакаме да се оправдуваме. За никој да не се сомнева во нас, ќе го кажам следното: Ние сами сме одговорни за тоа каде е тимот, што не ја поминавме групната фаза во Лигата на шампионите и што заостануваме 7 бода зад третото место во Ла Лига. И наше е да ги искористиме 20-те лигашки натпревари за да ја затвориме сезоната што е можно повисоко. Без оправдување, но свесни сме за тоа како функционира системот во Шпанија, – порачува Хил Марин.
Miguel Ángel Gil: "Con 0-1, en el minuto 71, jugándose el pase para semifinales de Copa en su propio estadio, dejar al Real Madrid con 10 jugadores son palabras mayores"
— Atlético de Madrid (@Atleti) January 27, 2023
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)