Поврзете се со нас

Лига Европа

Главниот фаворит на Чави испадна во осминафиналето на Лига Европа (Видео)

Објавено

на

Барселона порано вечерва се пласираше во четвртфиналето во Лигата на Европа и ќе остане дел од ждрепката во ова натпреварување, во кое Чави Ернандес одби да ја прифати улогата на апсолутен фаворит.

По победата од 1:2 над Галатасарај, Чави нагласи дека еден тим сепак е поголем фаворит од Барселона, но неколку часа подоцна, оваа изјава пропаѓа во вода.

– Не се гледам како главен фаворит за титулата, има многу силни ривали. Немаме многу искуство во ова натпреварување, но секако дека ќе се бориме до крај. Веќе сме во четвртфиналето, но за мене поголем фаворит е Севилја, тоа е тим кој го познава ова натпреварување, тим кој има многу титули, – изјави Чави.

Три часа подоцна, овие зборови на Чави веќе немаат никакво значење, бидејќи шпанскиот преставник доживеа елиминација во Лондон и покрај тоа што допатува со предност.

Предноста од 1:0 ја анулираше Соучек уште во првото полувреме, па со вкупни 1:1 се стигна до 90-та минута во Лондон и се играа продолженија. Во истите, херој за Вест Хем беше Украинецот Јармоленко, кој погоди за 2:0 и ерупција од радост на стадионот. „Чеканите“ за првпат од 1981-ва година ќе играат во едно европско четвртфинале, а во оваа рунда во Лига Европа ќе биде и Ајнтрахт Франкфурт кој постигна гол за 1:1 против Бетис во 121-та минута (првиот меч заврши во полза на Германците со резултат 1:2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни