Поврзете се со нас

Италија

Главна вест во Италија: Федерацијата објави детали за повредата на Барела

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучано Спалети се соочи со доста неочекувани дефанзивн проблеми во подготовките за Европското првенство, па дефинитивно уште поголем шок беше денот кога лекарите утврдија повреда кај Николо Барела.

Ѕвездата на Интер е клучен фактор од италијанската репрезентација и изминатите неколку дена не се појави на тренинзитее, а медиумите најавија дека ова попладне ги има клучните тестови.

Барела беше неизвесен за настап на Европското првенство поради мускулен проблем, но денешните лекарски прегледи донесоа утешни вести за Лучано Спалети, но и за цела јавност.

Николо успеал добро да закрепне од првичниот проблем и најдобра вест е што не се работи за посериозен проблем, па иако ќе тренира одвоено и наредните неколку дена, сега не се исклучува можноста да настапи уште на првиот меч на ЕП против Албанија.

– Фудбалерот Николо Барела утрово изврши дијагностички тестови кои покажаа очекуван напредок во неговото закрепнување во мускулот. Фудбалерот ќе ја продолжи однапред утврдената програма за работа, а целта е да биде вратен во групата во следните неколку дена, – гласи објавата на италијанската Федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни