Поврзете се со нас

АТП

Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Нишеш Басавареди го предизвика Новак Ѓоковиќ онолку колку што треба за да претрпи сигурен пораз на стартот на Аустралијан Опен, односно Србинот доби отпор каков што обично и посакува на стартот на секој грен слем турнир.

Ноле обично е повеќе задоволен кога не минува така лесно во воведните рунди, па така денеска мораше да се враќа од сет негатива за да слави со 3:1.

Иако имаше проблеми, рекордерот во Мелбурн ги надмина истите и оствари победа за пласман во втората рунда, но во текот на мечот, се соочи и со доста нервозни моменти, меѓутоа и со еден необичен кој успеа да му изнуди голема насмевка на лицето.

Еден гласен галеб го деконцетрираше Ѓоковиќ во моментите кога се подготвуваше за сервис, па Србинот мораше да се соочи со ситуација која е навистина несекојдневна на терените.

Ноле обично има проблеми со гласни фанови кои се обидуваат да го деконцентрираат, но овојпат негов краток непријател беше една гласна птица.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни