Глад за успеси: Дончиќ се „изеде жив“, откако промаши шут за победа (Видео)

luka-doncic

Кошаркарите на Реал Мадрид го доживеаа првиот пораз во новата сезона во Евролигата и тоа од Химки кој го освои домот на кралскиот тим со 86-80.

Меѓутоа ситуацијата можеше да биде поинаква ако супер-талентираниот Лука Дончиќ го погодеше чистиот шут за три на 20 секунди до крајот при резултат 82-80 за гостите. Тој се најде во поволна ситуација, меѓутоа не реализираше, по што „жив се изеде“, едноставно беше крајно разочаран.

Тоа донесе и реакција кај побликата која го поздрави Дончиќ кој уште еднаш покажа дека не сака да губи, поточно оти неговата желба и глад за успеси е голема. По ова утка на Словенецот рускиот претставник само го докусири ривалот или ја затвори приказната во Мадрид

Facebook Коментари