Ѓуроски втор стрелец за Евро

gjuroski

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски се прикажа во одлично светло во дресот на Евро во мечот од новата 18. рунда во Про Б лигата во Франција.

Ѓуроски на средбата против Грис Оберофен беше автор на 13 поени со што беше втор стрелец во својот табор зад Кајембе и Тортоса (по 15 кошеви), а зад своето име додаде уште 2 скока и 4 асистенции.

Сепак Евро не успеа да слави пред своите гледачи и ја продолжи позитивната серија, односно противникот беше подобар со 83-75.

Столе и неговите другари се наоѓаа на 16 место на табелата.

Facebook Коментари