Поврзете се со нас

Репрезентација

Ѓуроски пред дуелот со Словачка: Можеме да ја оствариме целта

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација веќе го одработи првиот тренинг во Словачка, каде утре ја очекува нов настап во претквалификациите за ЕП 2025.

Стојан Ѓуроски е еден од поискусните кошаркари во составот на селекторот Јончевски, а македонското крило вели дека можеме да ја оствариме целта, иако против себе имаме респектабилен противник.

– Мислам дека можеме да ја исполниме мисијата. Ако не верував во тоа, немаше да бидам тука. Знаеме дека Словаците играат доста добро дома, сега се засилени со нивниот најдобар кошаркар, кој направи разлика на последните два натпревари на кои настапи.

– Си ја знаеме нашата игра, со мали промени во тактиката во нашата игра, мислам дека ќе славиме уште во Словачка, за првото место, кое нè води во следните квалификации. Атмосферата е одлична, на секој следен натпревар одиме максимално, па што биде – нека биде“ – вели Ѓуроски за интернет страницата на КФСМ.

Македонија утре игра против Словачка во Левице, а потоа ќе отпатува за Осло, каде ја чека дуел со репрезентацијата на Норвешка во претквалификациите за Евробаскетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни