Македонија
Ѓуроски поднесе кандидатура за претседател и со силен тим ќе го менува Антиќ

Турбуленциите во македонската кошарка веќе траат со месеци и веќе видовме еден неуспешен обид за смена на Перо Антиќ на крајот на минатата година, но како што се ближи крајот на месец април, така се повеќе се зголемуваат шанси за комплетирање на такво сценарио.
Пред две недели, Младен Ѓуроски поднесе иницијатива за Вонредно изборно собрание за смена на претседателот, а откако стана јасно дека истото ќе се одржи на 30-ти април, денеска тој поднесе и официјална кандидатура за прв човек на македонската кошарка.
Поддржан од 37 членки на Собранието што носи апсолутно мнозинство, Ѓуроски очекува да добие доверба и да биде избран за нов претсеател на кошаркарската Федерација на Македонија, а планот е тоа да го направи со моќен тим.
При поднесувањето на кандидатурата, Ѓуроски добил огромна поддршка од Петар Наумоски, Врбица Стефанови и Владо Илиевски, па очекувањата се тие тројца да му бидат клучни луѓе во формирањето на нова гарнитура во КФСМ.
Наумоски како поранешен претседател на Федерацијата би требало да има улога на стручен советник, додека улогите на Врбица и Владо допрва ќе бидат одредени со взаемен договор.
-
Шпанија15 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА11 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА14 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија9 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Англија11 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Германија13 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…