Ѓуроски под своето ниво, Евре влезе во лоша серија

stojan

Стојан Ѓуроски и Евре влегоа во лоша серија во втората француска лига и вечерва претрпеа пораз од Сан-Шамон со 93-77.

Ова за тимот на нашиот репрезентативец беше трет негативен резултат во низа, па останува на 16 позиција на табелата и сигурно дека докрај го очекува голема борба за опстанок во оваа конкуренција. Ѓуроски го одигра можеби и најлошиот натпревар во оваа сезона, па за 24 минути даде само 2 поени и тоа од „пенал“ линија, собра уште 3 скокови и 4 асистенции.

Следниот меч за Столе и компанија е на 29 февруари против лидерот Ада Блоа.

 

Facebook Коментари