Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски најефикасен, Оуренсе влезе во позитивна серија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/clubourensebaloncesto

Оуренсе на нашиот репрезентативец Стојан Ѓуроски влезе во позитивна серија во ЛЕБ Оро лигата во Шпанија каде против Реал Валјадолид стигна до третата победа во низа.

Иако гостите важеа за фаворити на хартија, Ѓуроски и компанија покажаа нешто друго на теренот и се изборија за славје со 82-72 и тоа благодарение на две одлични четвртини (27-17 и 24-14) кои ги добија со по десет разлика.

Ѓуроски погоди четири тројки, беше најефикасен играч во својот тим со 14 поени (исто колку и Фахрудин Мањгафиќ). Оуренсе со 34 бода е на 12 место на табелата, во наредната рунда се соочува со Касерес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни