Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски најдобар скокач, Аликанте реди победи

Објавено

на

Аликанте на нашиот Стојан Ѓуроски влезе во одлична резултатска серија, а најнова жртва е екипата на Паленсија која беше совладана со 84-73.

Домашниот тим беше подобар од противникот во сите четири периоди и сосема заслужено ја прокнижи четвртата победа во низа во ЛЕБ Оро лигата во Шпанија. Питс со 21 поен, 4 скока и 7 асистенции беше најфикасен игра, Уртасун Уриз додаде 16 кошеви, а пак македонскиот репрезентативец Ѓуроски беше автор на 7 поени, 2 асистенции и 6 скокови со што беше најдобар играч во оваа категорија.

Составот на Аликанте со учинок 8-5 (победи-порази) е на првото место на табелаат во втората лига на Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни