Поврзете се со нас

Репрезентација

Ѓуроски му откажа на Тодоров поради позитивен корона тест

Објавено

на

Селекторото Тодоров го објави поширокиот список на играчи на кои сака да смета на двата квалификациски меча против Италија и Естонија, но веќе денеска доби прва неповолна вест поради направен Ковид тест.

Репрезентативецот Стојан Ѓуроски нема да му стои на располагање на селекторот на квалификацискиот турнир кој ќе се игра во Естонија, откако добил позитивен ПЦР тест при задолжителното тестирање при враќањето во Аликанте.

– За жал, нема да можам да му помогнам на националниот тим за Битките во Талин. По враќањето во Скопје, каде мораше да средам некои технички работи поврзани со работната дозвола за Шпанија, бев тестиран од страна на клубот. Тестот се покажа како позитивен, а тоа ме однесе во самоизолација, – порачува македонскиот репрезентативец.

Квалификацискиот турнир во Талин е закажан за периодот од 28-ми до 30-ти ноември, па иако ќе има ново тестирање за шест дена, Ѓуроски сигурно нема да игра на двата натпревари.

– Според шпанските закони, има некои правила кои се однесуваат за спортистите. Нема одреден број на денови кои морам да ги поминам во карантин. За пет-шест дена ќе бидам повторно тестиран, па ќе видиме. Засега немам ништо, не чувствувам никакви симптоми. Немав контакт со никој од клубот, затоа што по враќањето прво што требаше да направам беше да се тестирам. Искрено, ми е многу криво што нема да играм во Естонија Но што е, тука е. Здравјето е пред се, – нагласи Ѓуроски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни