Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски ја заврши приказната со француски Евре

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски повеќе нема да настапува за францускиот состав Евре.

Ѓуроски во изминатава сезона беше дел од овој клуб, меѓутоа истата не успеа да ја заврши, комплетира со оглед на тоа што беше прекината поради пандемијата со коронавирусот. Двете страни без разлика на тоа седнале на маса и преговарале за продолжување на соработката, меѓутоа не постигнале договор.

-Вистина е дека преговаравме во изминатиот период, но не постигнавме согласност да го продолжам договорот за наредната сезона, -истакна Ѓуроски.

Столе во Евре имаше просек од 8.35 поени, 3.25 скокови и 3.асистенции по натпревар. Претходно Ѓуроски играше во Шпанија, Бугарија, а во нашата земја освен за вечните ривали има настапува за Кожув, Карпош Соколи и Блокотехна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни