Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски и Аликанте со пресврт до тешка победа против „фенерџијата“ во Шпанија

Објавено

на

Аликанте за кого настапува нашиот репрезентативец Стојан Ѓуроски многу потешко од очекувањата успеа да забележа победа над составот на Реал Каное во втората лига на Шпанија.

Ѓуроски и неговите другари како лидери на табелата се мачеа против тимот кој е последен со само една победа во досегашниот тек. Имено аутсајдерот со фантастичната втора четвртина (27-11) го презема водството и го држеше се до последниот период во кој домаќините додадоа гас, заиграа поефикасно во нападот, поагресивно во одбраната што резултираше со пресврт за конечни на крајот 82-77.

Столе немаше свој ден, имаше и проблеми со личните грешки, па за 20 минути на паркетот даде 2 поени, 3 скока и 1 асистенција.

Ова за Аликанте беше осма победа во деветтиот настап со што ја задржа лидерската позиција на табелата во групната Б во ЛЕБ Оро лигата на Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни