Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски и Аликанте се изборија за „мајсторка“ против Бреоган (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Аликанте ја искористи предноста на домашниот терен и израмни на 1-1 во полуфиналната плејоф серија против Бреоган во ЛЕБ Оро лигата во Шпанија.

Стојан Ѓуроски и неговите колеги беа решени да се изборат за мајсторка, па одиграа меч во кој дадоа се од себе за да дојдат до посакуваниот меч, цел која успеа да ја остварат.

Најважен дел во триумфот од 77-66 беше третиот период кој Аликанте го доби со 31-12 со што создаде убедлива предност која без проблеми ја одбрани до крајот на битката.

Македонскиот репрезентативец Ѓуроски даде 9 поени со 3 скока, најдобар беше Ален со 12 кошеви.

Третата и последна решавачка пресметка е закажана за 9 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни