Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски и Аликанте повторно загубија од Гранада

Објавено

на

blank

Аликанте на нашиот репрезентативец Стојан Ѓуроски ја загуби и втората сезонска пресметка против Гранада во Леб Оро лигата во Шпанија.

Во првата средба во декември Гранада како гостин славеше со 70-67, додека пак вечерва благодарение на добрата игра во второто полувреме се избори за триумф од 84-77. Домаќините губеа со 38-33 по првите 20 минути, но во продолжението заиграа многу подобро пред се во нападот каде дадоа 51 поен.

Ирарте Удриаин со 22 поени беше прв стрелец кај победникот, Балмаседа за Аликанте пак уфрли 17 кошеви.

Нашиот Ѓуроски за 13 минути на паркетот даде 5 поени со 2 скока и 1 асистенција. Аликанте во следното коло е домаќин на Реал Мурсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни