Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски и Аликанте ја загубија „мајсторката“ против Бреоган

Објавено

на

Аликанте на Стојан Ѓуроски не успеа да обезбеди пласман во финалната серија во плејофот во ЛЕБ Оро лигата во Шпанија.

Составот на Аликанте доживеа пораз во мајсторката против Бреоган со 87-77 за конечни 2-1 во оваа битка, односно ова значи дека и во наредната кампања клубот ќе мора да игра во второлигашката конкуренција.

Мечот беше решен во завршниот период во кој домаќинот беше многу подобар, пофокусиран и со 25-16 се избори за пресметка против Гранада која беше подобра од Лејма Коруња.

Нашиот репрезентативец Ѓуроски имаше меч за заборав, не даде ниту еден поен за 16 минути на паркетот, собра еден скок и направи три фаули. Ларсен со 23 и Ален со 22 поени беа најефикасните играчи во двата табори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни