Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски и Аликанте ја прекинаа серијата на порази

Објавено

на

Тимот на Аликанте за кого настапува македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски и стави крај на низата на негативни резултати во втората лига на Шпанија.

Во месец јануари Столе и другарите загубија од Мајорка, Кастелјо и Уеска, но вечерва против Баскет Џирона се прикажаа во друго светло, па се изборија за славје од 74-62, прво во 2021 година.

Четворица домашни играчи беа двоцифрени, група во која беше Ѓуроски кој за 19 минути на паркетот даде 5 поени со 1 скок.

Аликанте со 10-4 е на првото место на табелата, во следното коло ја пречекува екипата на Алманса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни