Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски и Аликанте ја прегазија Коруња во Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски со својот Аликанте забележа убедлива победа над Лејма Коруња (85-60) во ЛЕБ Оро лигата во Шпанија.

Домаќините одиграа еден одличен меч во кој доминираа од првата до последната четвртина за заслужен триумф во групата на победниците. Ѓуроски за 19 минути на теренот уфрли 9 поени со 1 скок и 1 асистенција, најефикасен беше Американецот Питс со 17 кошеви.

Аликанте сега има учинок 5-5, а во следната рунда на 31 март ќе го пречека Реал Валјадолид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни