Ѓуроски и Евро не успеаа да го комплетираат кам-бекот против Фос-Сур-Мер

stojan-tajm aut

Стојан Ѓуроски и Евро го претрпеа 12. сезонски пораз во Про Б лигата во Франција и тоа во пресметката против Фос-Сур-Мер.

Евро одигра лошо во првото полувреме и му дозволи на противникот да замине на пауза со 10 поени разлика (41-31). Во третиот период гостите заиграа на повисоко ниво и комплетно се вратат во игра (13-22) по што се влезе во во завршниот период со еден кош позитива за Фос-Сур-Мер (54-53).

Се водеше голема битка, водеа домаќините, водеа гостите за да на крајот одлучат нијанси кои беа на страна на Фос-Сур-Мер за конечни 73-70.

Вокер со 24 поени беше најдобар кај победникот и воопшто на средбата, додека нашиот Ѓуроски немаше свој ден и за 28 минути на паркетот даде 3 поени со исто толку скокови и 1 асистенција.

Евро има ефект од 7.победи и 12. порази, доволно за 15.позиција на табелата.

Facebook Коментари