Ѓуроски и Евре го изненадија Руен

stole-evre

Евре на македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски направи изненадување и славеше на вечерашното гостување кај Руен со 81-76 во Про Б лигата во Франција.

Руен е една од најдобрите домашни екипи во втората француска лига, но тоа не ги заплаши гостите, поточно не им пречеше да дојдат до славје на овој терен. Столе и компанија одлично го одиграа завршниот период во кој успеаа да го свртат резултатот и да дојдат до 9 триумф во шампионатот.

Ѓуроски беше во стартната петорка, реализираше 9 поени со 6 скокови и 4 асистенции. Паскал и Ригот со по 15 поени беа најефикасни кај Евре кој е на 16 позиција на табелата.

Facebook Коментари