Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски е МВП на првата полуфинална рунда во ЛЕБ Оро лигата

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски е МВП на првата полуфинална рунда во ЛЕБ Оро лигата.

Блескава партија на репрезентативецот: Ѓуроски „испука“ шест тројки против Бреоган

Нашиот ас имаше блескава партија во дресот на Аликанте против Бреоган, меч кој го заврши со 23 кошеви (6/8 за три поени, 2/4 за два поени, 1/1 за еден поен), 5 скокови и 1 асистенција со што дојде до 27 индексни поени.

Ова беше доволно за да биде прогласен за најкорисен играч иако неговиот Аликанте доживеа тесен пораз од 88-87 и губи со 1-0 во серијата.

Покрај Стојан во идеалната петка на „колото“ во втората шпанска лига се уште Ларсен, Ахонен и Кинтела од Бреоган, плус Пења од Лејма Коруња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни