Ѓуроски двоцифрен во новата победа на Уеска

stojan

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски со својата Уеска дојде до втората победа во шпанскиот шампионат и тоа откако вечерва тој и соиграчите беа подобри од Прат Хувентуд со 97-86.

Домашниот тим беше подобар ривал, добри три од четирите периоди со тоа што најубедлив беше во првите десет минути (97-86). Пет играчи на Уеска беше двоцифрани, а еден од нив беше токму Ѓуроски кој зад своето име запиша 11 поени (4/4 за еден, 2/4 за два, 1/4 за три) 2 скока и 2 асистенции.

Стојан и компанија во следната рунда му гостуваа на Билбао кој по три рунди има максимален учинок заедно со Паленсија.

Facebook Коментари