Поврзете се со нас

Македонија

Ѓуриќ го замени Вардар со Пелистер, Силекс ангажираше офанзивец од БиХ

Објавено

на

Екипите на Пелистер и Силекс ги засилија своите редови за вториот дел од натпреварувачката 2024/2025.

Нов член на „зелено-белите“ од Битола е довчерашниот дефанзивец на Вардар, Дејан Ѓуриќ. Пелистер ќе му биде трет клуб во нашата земја затоа што претходно беше дел и од Работнички.

Во досегашната кариера има настапувано уште во родната Србија и Грузија.

Силекс пак е посилен за услугите на 26-годишниот Алдин Хрвановиќ. Се работи за босански интернационалец кој ја покрива офанзивната линија, а кој во Кратово доаѓа од редовите на Слобода Тузла.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни