Ѓурѓа го наплати првиот „Дијамант“: 150 илјади денари одат во Струмица

Dobitnik Dijamant gurgja

Името на Ѓурѓа Ѓорѓиева им е добро познато на вработените во Државната лотарија на Македонија, бидејќи таа е добитник на Голф 7, парична премија од еден милион денари, како и повеќе „средни“ кои варираат меѓу една илјада и три илјади евра.

Овој пат, таа го најде првиот „Дијамант“ во новата игра на среќа која што беше лансирана овој месец и освои 150.000 денари. Лозот го купила на среќното место во струмичкото Ново Село, на првиот ден откако лозот Дијамант пристигнал на продажното место. Водејќи се од сопственото убедување за среќа во инстант лотаријата таа секој ден купува лозови, но исто така игра и Лото, иако во таа игра се уште нема голема добивка.

Добтиничка која најчесто ја посетува благајната на Државна лотарија на Македонија им порачува на сите да веруваат во својата среќа и да не пропуштаат ситните пари да ги вложат во можности за добивки.

Инстант лозот Дијамант нуди 15 добивки од по 300.000 денари, 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !

Facebook Коментари