Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ѓукиќ: Знаеме која е најсилната страна на Елверум

Објавено

на

Вардар 1961 новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја започне против норвешки Елверум.

Тоа е состав со кој „црвено-црните“ се сретнаа и лани во групната фаза и на тие дуели имаа позитивен учинок, славеа на гости со 35-32, додека пак во Скопје беше нерешено 34-34. Секако желбата на вардарци е добро да се започне кампањата иако се свесни дека противникот ќе биде незгоден.

-Очекуваме тежок натпревар. Тие имаат млада екипа. И лани беше заедно со Вардар во иста група. Најсилна страна на Елверум е нивниот брз центар и нападот. Играат брзо, шутираат многу. Верувам дека ќе освоиме бодови. Се подготвуваме долго. И се надевам во Скопје ќе се вратиме со бодови, -истакна крилото Дарко Ѓукиќ.

Македонскиот првак за овој меч кој се игра утре од 18:45 часот нема да може да смета на услугите на Борко Ристовски, Анте Кудуз и Едуардо Гурбиндо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни